Кина го блокира пристапот до Gmail

Кина го блокира пристапот до познатиот сервис на Google, Gmail, според податоците од Google и анализите на Dyn Research.

Сообраќајот на интернет падна на нула, според извештаите на Google кој обезбедува информации во реално време за користење на неговите услуги.

Според Dyn Research, фирма за интернет анализи, се случило блокирање на IP-ниво на Gmail.

“Кина има неколку начини за да блокираат содржина. Еден од порадикалните начини е да се блокира само ИП адресата и кога ќе го направи тоа, се блокираат сите содржини на таа IP адреса“, изјави Ерл Змијевски, заменик-претседател на Dyn Research.

Според Змијевски, поголемиот дел од пристапот на Кина кон Gmail се пренесува преку IP адресите на Хонг Конг кои беа блокирани. Тој соопшти дека се проверени шест различни локации и сите тие се блокирани.

Претходно годинава, Кина ги блокираше сите сервиси на Google како и во 2009 и 2012 година. Во 2010 година, Google, јавно изјави дека повеќе нема да го цензурира својот пребарувач во Кина, потег кој компанијата призна дека би можел да значи во иднина повлекување од земјата во целост.