Кина ги детектира луѓето со коронавирус преку „паметни“ очила

Очилата можат да ја измерат температурата и преку оддалеченост од еден метар.

Додека Кина полека ги олабавува мерките воведени поради коронавирусот, обезбедувањето користи „паметни“ очила со вградена вештачка интелигенција преку кои се мери температурата на граѓаните, еден од главните симптоми на вирусот.

Изработени од страна на стартапот за вештачка интелигенција „Рокид“, „паметните“ очила користат термална визуелизација за да ја измерат температурата на оддалеченост и од еден метар. Според „China Morning Post“, очилата можат да ја измерат температурата на неколку стотици луѓе секои две минути.

Очилата моментално ги користи обезбедувањето на неодамна отворениот парк „Хонгујан Парк“ во источниот град Хангжоу, за да се намали времето за чекање при влез. Доколку кај некое лице е регистрирана покачена температура, уредот кој истовремено користи и препознавање на цртите на лицето, испраќа автоматско предупредување до персоналот и отвора дигитално досие.

Иако оваа технологија се докажала како успешна во многу сфери,  таа не ги детектира асимптоматските граѓани или пак оние кои се инфицирани, но сè уште не развиле симптоми. Исто така, загрижува помислата какви импликации може да има детекцијата на цртите на лицето при масовно следење.

Извор: Dazed&Confused