Ким Јонг Ун во потрага по „смрдливо“ сирење

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, за да го открие начинот на подготвување на неговото омилено француско „смрдливо“ сирење, испратил екипа експерти во Франција, пренесе МИА.

Ким Јонг Ун во потрага по „смрдливо“ сирење

Иако источната покраина во Франција каде што се произведува тоа сирење се наоѓа со милји далеку, Ким Јонг Ун одлучил да внесе малку западен здив и галска култура во неговата земја.

Уморен од обидите Северна Кореја да произведе квалитетно сирење, неговиот тим во Франција ќе претстојува еден месец во градот Безансон, каде ќе посетуваат курс за производство на млеко во Националната млекара Колеж.

Поголемиот дел од времето во Франција експертската екипа ќе се занимава со производство на неговото омилено сирење Ементалер, изворно швајцарско сирење.

Но тоа не е единствена причина за оваа „млечна дипломатија“, Севернокорејската екипа ќе има задача да собере што повеќе информации за унапредување на стандардите на млекарниците во Пјонгјанг, во главниот град на Северна Кореја, која се бори со проблемот на недоволно производство на млеко.