Ким Јонг Ун освои сто проценти од гласовите на избори

Целосна излезеност на гласачите и освоени 100 отсто од гласовите за Ким Јонг Ун е епилогот од вчерашните парламентарни избори во Северна Кореја.

Ким Јонг Ун освои сто проценти од гласовите на избори

Резултатот во изборната единица на севернокорејскиот лидер е израз на „апсолутната поддршка и длабоката доверба на воените сили и на останатото население во врховниот водач“, јави државната агенција КЦНА.

По овие избори и по низата највисоки титули во земјата, Јонг Ун стана и пратеник во Врховното народно собрание.

Во сите 687 изборни единици имало по еден кандидат, а гласачите имале можност да стават само „да“ со името на кандидатот.

Избори за Врховното народно собрание се оддржуваат секоја петта година, а институцијата заседава два пати годишно со цел да се одобри буџет или други одлуки кои ги носи владејачката партија.

Во продолжение може да го погледнете и видето што неодамна го објави американскиот магазин VICE, од патувањето во Северна Кореја.