KiloCore е првиот процесор со 1 000 јадра

Научниците од Универзитетот во Калифорнија го развија KiloCore, првиот процесор со 1 000 јадра. Овој процесор е корисен за спроведување на паралелни задачи како енкрипција, пресметување на научни податоци и кодирање на видеозаписи.

Овој процесор е и многу енергетски ефикасен. За спроведување на 115 милијарди операции во секунда, тој троши само 0,7 вати струја, што значи дека може да работи на една AA батерија.

Сепак, овој процесор нема да се најде во масовно производство, бидејќи научниците за неговата изработка користеле постара 32 нанометарска технологија, додека современите процесори користат 14nm техника.

Но, ова решение отвора можност процесори со голем број јадра да се појават на разните мобилни уреди.