На скејт паркот во Скопје во петок (16 јули) од 18 часот ќе започне„КикФлип фест“, каде ќе има музички настапи на шест бендови, но и возење скејт и награди за најдобриот трик од „Errorkolektiv“.
Бендови што ќе настапуваат се „Lufthansa“, кои во април го објавија својот прв албум „Demo Tape I” и ова ќе биде нивна втора промоција во живо по „Млади за Скопје“.
Во музичката агенда за настанот се и битолскот млад состав „Corrosion“ кои за прв пат настапуваат во Скопје, но и победниците на „Лузер фест“ од 2017 – треш метал составот „Conspiracy“.
Понатаму, најавени се и „Мамут“, релативно нов бенд од Охрид, па аудиториумот и нив за прв пат ќе има шанса да ги слуша во Скопје. На 7 јули излезе првиот албум на „Basement cult“, што значи промоција во живо на „КикФлип фест“.
Во музичката банда што ќе настапуваат на фестивалот се и „Хајка“, бенд со исто така свеж прв албум од 20 јуни – „Антиталент“.
Влезот за настнот е беплатен.