Киднапиран новинар снимил шест недели мачење во затвор во Судан

Британски новинар кој бил приведен, заробен и измачуван од суданските власти повеќе од шест недели, успеал да сними документарен филм за неговото ужасно искуство, сокривајќи ја мемориската картичка со материјалите во анусот.

Фил Кокс ја преминал границата на Судан заедно со колегата Дауд Хари во декември 2016 година, со целта да известува за маките на луѓето во регионот Дарфур, но за кратко бил киднапиран од вооружените паравоени формации.

За време на нивното заробеништво, двајцата новинари откриле дека суданските власти го следеле нивното движење и објавиле награда за нивното „заробување или убивање“, вредна повеќе од 250000 фунти.

Како што се приближувале кон Џебел Мара планините, новинарите биле киднапирани од вооружените сили во Дарфур, и држени како заложници од чувари вооружени со АК-47 митралези. Биле врзани со синџир за дрво цела недела, а биле и редовно тепани.

Тогаш, Кокс успеа да ги измами чуварите да се снимаат самите на неговата камера. Потоа, ја зел мемориската картичка и за да ги зачува снимките кои ги направил, ја замотал во парче црна пластика и ја сокрил во неговото тело.

Содржината на мемориската картичка ќе бидат објавени во документарен филм во два дела продуциран од Channel 4 News, телевизиска станица која ги пуштила Кокс и Хари да јават за влијанието на илегалната миграција преку Судан и да ги истражат ибвиненијата за напади со хемиско оружје кои наводно суданската влада ги спроведува врз цивили во Дарфур.

Сепак, не биле заробени само во пустината. Ги префрлиле во затвор во Кобар, Картум.

Пишувајќи за Гардијан во средата, Кокс опишал како на летот од Ел Фашер до Картум, војниците му се заканувале дека ќе го фрлат од авионот.

„Авионот почна да забавува пред слетување, а јас почнав да викам гласно и да молам за мојот живот“, се сеќава. „Телото ми се тресеше со движењето на авионот, а потоа го чув гласот на шефот на обезбедувањето од канцелариите во Ел Фашер. „Биди маж“, ми кажа, а потоа почна да се смее“.

Ова бил почетокот на 40-те дена на лош третман. За тоа време, Кокс бил тепан, казнуван со електрични шокови со уред за смирување на стада, еднаш и мислел дека ќе биде егзекутиран, за на крај да сфати дека чуварите се изживуваат со него.

После упорните обиди на владите на Велика Британија и САД, Хари, граѓанин на САД родум од Судан, бил ослободен на 18 јануари, а после него го ослободиле и Коксна 1 февруари.

Уредникот на Channel 4 News, Бен де Пир, вели: „Ги пративме Дауд и Фил да ги истражуваат обвиненијата за прекршувања на човековите права во Судан, но никогаш не помисливме дека и тие самите ќе бидат жртви на овие ужасни измачувања“.

„Тие беа тепани, мачени и напаѓани со електрични шокови, само затоа што се новинари. Нивната приказна од срцето на суданската полициска држава, е една од најстрашните кои сме ги емитувале на нашата телевизија“, заклучува де Пер.

Документарниот филм Hunted in Sudan, ќе се емитува на Channel 4 News на 5 и 6 април.