Кениските студенти ги палат студентските домови, а никој не ја знае причината

Студенти од повеќе од 120 факултети низ Кенија ги запалија своите привремени живеалишта од јуни, предизвикувајќи чудење насекаде за нивните мотиви.

Поставено во живописните ридови на долината Керио, „St. Patrick’s Iten“ е едно од најпознатите училишта во Кенија, како по „академското педигре“, така и по елитните спортисти кои произлегле од него.

Меѓу неговите алумнисти се и Дејвид Рудиша, двоен олимписки шампион во трка на 800 метри, Вилсон Кипкетер, трократен светски шампион во истата дисциплина и Питер Роно, златен медалист на 1500 метри трка на Олимпијадата во 1988 година.

Сепак, на 26 јули, овој факултет беше во медиумите поради погрешни причини. Студентите запалија еден од студентските домови, што е последно од 120 вакви криминални дела од студенти во кениските факултети од јуни. Има надалеку проширено чудење за тоа зошто студентите ја применуваат оваа бизарна форма на протест.

Новиот министер за образование, Фред Матианги, кој досега воведе многу реформи, обвини дека не сакаат да се реформираат испитите за да можат да мамат, и да можат на државните испити да поминуваат и полошите студенти.

Теориите велат дека студентските домови се палат од различни причини, од политичка саботажа и имитирање, се до здодевност, протест против авторитарното лидерство во авторитарните училишта, и лошиот пример поставен од политичарите во една од најгрубите демократии во Африка.

Авторот и новинар Чарлс Онјанго-Обо, кој пишува за најтиражниот кениски весник, The Daily Nation, вели дека фактот што студентите ги палат само студентските домови може да биде знак за нивната фрустрација кон неверојатно структурираниот и режимски систем, кој им овозможува премалку автономија.

„Студентите се будат прерано, а сакаат да спијат, и мораат да учат доцна во ноќта кога сакаат да си легнат“, пишува Онјанго-Обо.

Џонстон Кавлуди, поранешен директор за образование во провинцијата, додава дека иако условите за живот во повеќето приватни кениски студентски домови се подобриле со тек на времето, во факултетите се влошени. Тој вели дека пренатрупаните јавни студентски домови се доказ дека факултетите треба да создадат повеќе простор за сместување на студентите.

Тешко е да се нагласи колку сериозно родителите го сфаќаат образованието во Кенија. Во земја со малку ресурси, образованиетосе гледа како пасош до подобар живот. Родителите ги продаваат кравите и земаат заеми ставајќи го своето земјиште под хипотека, за да можат да ги испратат своите деца во најдобрите училишта. Тие се свесни дека добрите оценки водат до посакувани факултети, кои можат да им донесат работно место во кениската економија предводена од пазарот на услуги.

Во буџетот за 2016-2017 година, министерството за образование има најмногу средства, добивајќи околу 18 проценти од вкупниот буџет на државата. Сепак, има пријави за корупција при употребата на овие фондови.

Некои професори се обвинети дека премногу го зголемиле бројот на студенти во нивните факултети само за да добијат повеќе средства.

Вилсон Сосион, генерален секретар на моќната Кениска национална унија на професори, ја отфрла таа анализа.

„Професорите работат напорно да ја вратат во нормала инфраструктурата во училиштата. Ништо не не вознемирува повеќе од палењето на училишните градби. Не можам ни да поднесам да посетам училиште каде студентските домови се уништени од оган. Како некој може да помисли дека професорите се вклучени во ова?“.

Сосион вели дека образовниот систем мора да се реформира за конфликтот меѓу училишната администрација и студентсткото тело да се сведе на минимум. Сака и Министерството за образование да преземе поконсултативен пристап.

„Мора да создадеме училишта кои се пригодни за 21-виот век. Во Кенија, Уставот од 2010 година им гарантираше на луѓето многу права. Училишната средина не треба да биде исклучок од него. Треба повторно да осмислиме се. На пример, зошто во училиштата се се уште забранети телефоните, а кога студентите одат дома, имаат пристап до нив“?, вели тој.