Кенија на монетите ги замени ликовите на бившите претседатели со животни

Кенија го промени изгледот на монетите заменувајќи ги ликовите на поранешните претседатели со слики од заштитените животни од земјата, во потег кој би требало да спречи глорифицирање на бившите лидери.

Сепак голем број Кенијци сметаат дека овој потег е обид за промоција на новите политички лидери.

Претходно на монетите и книжните банкноти имаше слики од трите поранешни претседатели – Јомо Кенјата, Даниел Арап Мои и Мваи Кибаки. На новите монети се поставени слики од лавови, слонови, жирафи и носорози, додека промената на банкнотите треба да се случи во следниот период.

Претседателот Ухуру Кенјата, син на првиот лидер на Кенија Јомо Кенјата, изјавил дека новите монети се „голема промена“. Претходните три претседатели биле поставени на моментите за време на нивната власт.

Под голем притисок од јавноста, Кенија усвои нов Устав во 2010 година со кој беше воспоставена демократија и почитување на човековите права. Во него пишува дека државната валута „не може да носи портрет на личност“.

Од Централната банка соопштиле дека изборот на животни дава „физичко прикажување на преродената и просперитетна“ Кенија и покажува почитување за животната средина.