Кендрик Ламар објави ненајавен албум

Раперот и добитник на седум Греми награди објави нов албум во четвртокот, наречен untitled unmastered. Се работи за осум песни снимени за потребите на претходниот албум, To Pimp a Butterfly.

Исполнет со фри џез, фанк, политички текстови и експериментални звуци кои го направија To Pimp a Butterfly класик, сите осум песни се неименувани, но забележани со датумите на кои биле снимени.

Новото издание е веројатно сочинето од „купот материјал“ кој не влегол во последната верзија на To Pimp a Butterfly, кого Ламар го спомена во неодамнешно интервју.

„Имам куп материјал во кои се вљубив, но едноставни проблеми како временски рок спречија да се најде во албумот. Но, мислам дека има речиси 10 песни кои многу ги сакам и сепак ќе ги исполнувам, иако не влегоа во албумот“, вели Ламар.

Претходниот албум на раперот доби многу позитивни критики за еклектичниот стил и елементите на разни музички стилови, а доби и 11 номинации и пет Греми награди, меѓу кои и рап песна на годината и најдобра рап изведба.

Извор: Guardian