Кембриџ програма догодина и во седмо, осмо и деветто одделение

Идната учебна година Кембриџ програмата ќе се воведува и во наставните програми од седмо до деветто одделение. Директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’саливан и директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ денеска го потпишаа договорот за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и природните науки за овие учениците.

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, во 2013 година го потпишаа првиот договор за соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ за воведување на новите наставните програми по „математика“ и „природни науки“ на национално ниво. Програмите првично беа имплементиран за учениците од прво до трето одделение, а во следната фаза и за учениците од четврто до шесто одделение. Со последниот договор целосно се очекува целосно да биде заокружување на процесот.