Кембриџ ја нуди „најслатката работа на светот“

Универзитетот Кембриџ во Велика Британија за докторантите распиша конкурс за „најслатката работа на светот“ – истражување на чоколади.

Кембриџ ја нуди „најслатката работа на светот“

Целта на истражувањето е пронаоѓање начини на кои на температура повисока од 34 степени може да се спречи топење на чоколадни производи, пренесе МИА.

Доколку идниот докторант-истражувач на Кембриџ пронајде решение, десет најголеми компании за производство на чоколадо ќе имаат шанси да го зголемат својот профит, кој минатата година изнесуваше 85 милијарди долари.

Шансата за „најслатката работа на светот“ ја немаат докторанти надвор од ЕУ, бидејќи конкурсот е отворен исклучиво за граѓани на Унијата.