Келис започнува со свое „зелено“ готварско шоу на „Нетфликс“

Шоуто „Готвење со канабис“ ќе биде достапно на „Нетфликс“ на 4 април, (4/20).

Раперката Келис е голем гурман. Знаеме дека прави одличен милкшејк, но таа истовремено има и објавено готвач со рецепти, остварено курс за сосови во „Кордон Блу“, отворено свој „поп-ап“ ресторан во Њујорк, а го издаде и најновиот албум – „Храна“.

Келис наскоро ќе има премиера и на нејзиното готварско шоу на Нетфликс.

„Готвење со канабис“ ќе трае шест епизоди, во кои професионални готвачи ќе се натпреваруваат во готвење на вкусен оброк зготвен со канабис. Највкусниот рецепт ќе биде награден со 10.000 долари.

„Секој кој ме знае, знае дека обожувам „Нетфликс“, па сево ова е како остварување на сон“, напишала Келис во своето соопштение на „Инстаграм“.

„Како професионален готвач, сум заинтересирана за вкусното, но како обичен човек сум заинтригирана колку е моќна храната во општеството. Во оваа држава многу нешта системски се искористуваат за да опресираат групи на луѓе, но готвењето е многу важно и преку него можеме да учиме и да се развиваме заедно“, додала таа.

Извор:Dazed&Confused