„Ќелавата пејачка“ повторно на репертоарот на Театар 007

По успешната изведба на 28 април, кога повторно беше вратена на репертоарот на „Театар 007, на барање на публиката „Ќелавата пејачка“ повторно ќе се одржи на 11 мај (недела), со почеток во 20:00ч.

„Ќелавата пејачка“ повторно на репертоарот на Театар 007

Универзална сала и Театар 007 ги канат сите заинтересирани да ја проследат комедијата „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, адаптирана за новиот сценски простор, на „Малата сцена“ во Универзална сала.

Претстава, која ќе Ве насмее и замисли за многу прашања. За „аспурдната реалност“ на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилието од лицемерие и лажна учтивост, за квази херои и хероини, наводните друштвени „луѓе“ кои „умираат од досада“ кога си со нив…

„Ќелавата пејачка“

автор: Ежен Јонеско
режија: Игор Ивковиќ
продуцент: Миодраг Костиќ
сценографија: Зоран Тошевски
дизајн на костими: Ивана Кнез
костимографија: Маре Трајковска
музика: Ненад Тонкин
играат: Ангела Наумоска, Филип Кипровски, Јана Пауноска, Дарко Богески, Ава Хусеини, Фаик Мефаилоски

ЌЕЛАВАТА ПЕЈАЧКА е еден од најатрактивните и често поставувани текстови на Ежен Јонеско.Тој без никаква скромност е еден од најеклатантните примери за Театарот на апсурдот, чија актуелност е секогаш вечна.

„Ќелавата пејачка“ повторно на репертоарот на Театар 007

Оваа претстава, во голема мера може да не научи нешто повеќе за нашето постоење во денешниот свет. Изминувањето на времето, а не оставањето траги на тоа време од наша страна, е нешто што го окупира овој автор и авторите на оваа претстава.

Апсурдните и навистина зачудувачки реплики, кои ниту една карактерно изградена личност не би ги кажала, во оваа претстава навистина постојат.Типовите на луѓе од претставата, не го измислуваат она што го кажуваат. Нешто друго говори од нивните усти. Говорот тече самиот од себе и постои очигледно сам за себе.

Ваквата состојба за жал нам не ни е толку туѓа. Се повеќе сме сведоци, на отуѓеноста на човекот од самиот себе, од она што тој навистина е.Во потрага по брза: кариера, финансии, љубов, храна и што ли уште не, човекот не го запазува времето кое изминува; времето во кое тој не оставил никакви траги. Не оставил ништо значајно. Едноставно станал брз човек или користејќи нечија туѓа терминологија, инстант човек.