Кејптаун би можел да остане без вода до април, предупредува градоначалничката

Градоначалничката на Кејптаун, вториот најнаселен град во Јужноафриканската Република, ги предупреди жителите и посетителите дека градот би можел да снема вода до април. Резервоарите од кои се снабдува градот пресушуваат. Повиците за индивидуална употреба до 87 литри дневно, како што велат властите, е игнорирана од три петини од населението во Кејптаун, во кој живеат 3.7 милиони луѓе.

Градоначалничката Патрисиа де Лил вели: „Неверојатно е што најголемиот дел од луѓето не се грижат и сите директно не праќаат кон нултиот ден. Тоа е денот кога градот ќе пресуши. Првично беше предвидено да е на 21 април, но тоа се помести на 12 април“.

„Нултиот ден е денот кога речиси сите славини во градот ќе бидат затворени и ќе треба да се чека ред за вода“, велат од градскиот совет.

И за туристите, исто како за жителите, справувањето со недостигот од вода станува секојдневна борба. Притисокот на вода е намален за да се ограничи употребата и трошењето на водата, така што рестрикциите стануваат се почести.

Сепак, туристичката инфраструктура функционира како и секогаш. Но, многумина сега ја исклучија водата во јавните тоалети и наместо тоа ставија рачни санитарии.

Градскиот совет утре ќе гласа за мерката со која би се применувала казнена тарифа која ќе ги покачи сметките за вода пет пати за оние кои најмалку користат – додека најголемите корисници ќе плаќаат 140 пати повеќе за секој литар вода.

Во меѓувреме, црниот пазар за вода за пиење расте. Во одредени магацини може да се најдат залихи со големи пластични контејнери за вода. Новите испораки доаѓаат со камион секој ден од Јоханесбург и ги снемува за неколку часа.

Од 1 февруари, границата на дозволена количина на вода по човек ќе падне од 87 на 50 литри на ден.