Ќе се зајакнува меѓукултурниот и меѓуетничкиот соживот во полошкиот регион

Ќе се зајакнува меѓукултурниот и меѓуетничкиот соживот во полошкиот регионГостиварската невладина организација Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) со поддршка на Британската амбасада во Скопје го спроведува проектот „Подобрување на меѓу културното разбирање во мултиетничките општини во Македонија“. 

„Главна цел на проектот е подобрување на меѓу културното разбирање меѓу граѓаните и младите од 6-те мултиетнички општини, признавање и почитување на различното етничко, религиозно и културно потекло,“ појаснува Моника Велјановска од АДИ.

Во рамките на овој проект се вклучени 6 општини од полошкиот регион : Гостивар, Тетово, Кичево, Јегуновце, Брвеница и Врапчиште. Тој вклучува градење на капацитетите на локалните институции, промоција на човековите права, граѓанските организации и медиуми за креирање и спроведување на Локалните стратегии за меѓу културно разбирање. Креирањето и имплементирањето на локалните стратегии за културно разбирање ќе претставуваат институционален механизам на сите клучни чинители на локално ниво во насока на подобрување на меѓу културниот и меѓуетничкиот дијалог.

Од досегашните спроведени обуки и фокус групи во рамките на проектот „Подобрување на меѓу културното разбирање во мултиетничките општини во Македонија“ покажан е напредок како и интерес во однос на промовирање на интеркултурализмот и мултиетничноста во избраните општини, посочуваат од невладината организација АДИ.

Младински образовен форум е една од невладините организации која учествува во процесот на креирање на локалната стратегија за меѓу културно разбирање за општина Тетово.

Бобан Костадиновски