Ќе се снима продолжение на „Госпоѓа Даутфаер“

Две децении по снимањeто на популарната комедија „Госпоѓа Даутфаер“ со Робин Вилијамс во главната улога, студиото „Фокс 2000“ најави дека подготвува продолжение на овој филм според сценарио на Дејвид Беренбаум.

Ќе се снима продолжение на „Госпоѓа Даутфаер“

Режисер на продолжението, како и на оригиналниот филм од 1993 година ќе биде Крис Колумбус.

Според весникот „Холивуд Репотер“ идејата за снимање на продолжение на „Госпоѓа Даутфаер“ се јавила уште во 2001 година, но сите досегашни обиди за тоа пропаднале, пренесе МИА.

Робин Вилијамс во оригиналниот филм толкува лик на разведен татко, кој се претвора во куќна помошничка под името г-ѓа Даутфаер, со цел повеќе време да минува со своите деца, кои со одлука на судот живеат со нивната мајка, која ја толкува Сали Филд.

Засега не е познато кои актери ќе се појават во „Госпоѓа Даутфаер 2“.