Ќе се реновираат двете најстари училишта во Велес

Ќе се реновираат двете најстари училиштата во Велес, ОУ „Св. Кирил и Методиј” и СОУ „Кочо Рацин” , најави министерот за образование Панче Кралев. Според најавите градежните работи треба да започнат до почетокот на јуни, а треба да завршат до 1-ви септември, пред новата учебна година.

Ќе се реновираат двете најстари училишта во Велес

 

Во основното училиште „Св. Кирил и Методиј” ќе биде заменет покривот, подот, фасадата, а ќе се реконструира и греењето, додека во средното училиште „Кочо Рацин” ќе се реновираат фасадата и подот на училиштето.

„Ова е почеток на еден од најзначајните проекти за целосна реконструкција на 10 основни и 6 средни училишта во сите општини. Очекувам до понеделник, најдоцна до вторник, да бидат објавени тендерите за реконконструкција на училиштата, со што би се искористил летниот распуст за да се завршат градежните работи. Со градоначалникот разговаравме за вклучување на општината за дополнување на реконструкцијата, со цел учениците од почетокот на учебната година да влезат во целосно реновирани училишта”, истакна министерот Кралев.

Истовремено, најавија од општината, ќе се направи партерното уредување на училиштата и дворовите, ќе бидат поставени клупи и ќе се заменат светилките. Целиот проект чини околу 5 милиони евра.