ХЕРА ќе го даде Законот за абортус на Уставен суд

Законот за абортус ќе се најде пред Уставниот суд на Р.Македонија откако организацијата Х.Е.Р.А најави дека во текот на утрешниот ден ќе покрене постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.

Кон претставката пред Уставен суд се вклучуваат и организациите Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници и доц. д-р Каролина Ристова – Астеруд.

Од Хера за Радио МОФ велат дека утре ќе ја споделат претставката и ќе дадат детали за членовите од Законот кои според нив се противуставни.

„Ќе имаме и тркалезната маса и дебата со граѓанските организациии, медиумите и пратениците, кои ќе ги презентираат сознанијата од терен, односно негативните ефекти од примената на новиот закон за абортус“, велат од Х.Е.Р.А.

Тркалезна маса со претставници на граѓанското општество, активисти за човекови права, пратениците од Собранието на РМ и медиумите се одржува на Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус.