Казнети 62 возачи во изминатите два дена во Скопје за погрешно паркирање

Сообраќајната полиција во текот на изминатите 48 часа (среда и четврток) на подрачјето на град Скопје извршила увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.

Оттаму информираат дека 57 возачи биле казнети за возење со брзина поголема од дозволената, четири возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи и 62 за непрописно паркирани возила.

Со помош на „пајак“, во текот на изминатите два дена, се отстранети 47 возила, соопштуваат од сообраќајната полиција.