Казна за црниот чад од ЈП „Македонски шуми“

По објавата на слики на Фејсбук, во кои се гледа како излегува црн чад во кругот на МЗТ, Инспекторатот на град Скопје ги казни ЈП „Македонски шуми“.

Како што информираа оттаму,  преку Инспекторите за животна средина е изврши вондреден инспекциски надзор во просториите на ЈП Македонски Шуми, во скопска Железара.

„Издадена е забрана за користење на котелот на нафта, со акредитирана лабораторија ќе се направат мерење на концентрација на загадувачи супстанции и цврсти честички-вкупна прашина во отпадни гасови од стационарен емитер“, стои во соопштението.

Од Инспекторатот апелираат граѓаните сами да ги пријавуваат загадувачите, на бројот 193.