Карневалска точка во која Трамп ја погубува Клинтон на електрична столица во Индијана

Карневалска сцена во сојузната држава Индијана на која Хилари Клинтон е прикажана во електрична столица, додека Доналд Трамп го стиска копчето да ја погуби, предизвика многу реакции во САД.

Парадата која беше дел од саемот на фармери во градчето Аурора, исто така го прикажала американскиот претседател Барак Обама како фигура на глава, карактеристична за Велигденските острови, обоена во црно.

Творецот на точката Франк Линкмејер, изјавил за локалните медиуми дека единствената цел му била да ги насмее луѓето.

„Направено е како забава. Хуморот е најдобар лек во животот и оваа земја има потреба од повеќе смеење. Луѓето кои се навредени од точката, се извинувам. Нека не доаѓаат на парадата следниот пат“, рекол тој.

Аурора е град со 3.700 жители, 50-тина километри западно од Синсинати.

Аурора Лајонс Клубот, организаторот на парадата, се извинија бидејќи дозволиле да се изведе оваа точка, со напомена дека таа не ги одразува нивните гледишта. Со соопштение во кое се оградуваат од карневалската точка се јавија и градските власти.

„Разочарани сме што активностите на неколку поединци го одвлекоа вниманието од инаку многу успешниот 108-ми Саем на фармерите во Аурора. Градот одбива да верува дека таа точка на било каков начин ги одразува гледиштата на Аурора Лајонс Клубот или нивните членови“, реагираа градските власти.

Во јули, парада за Денот на независноста предизвика слични реакции во градот Шеридан, нешто посеверно од главниот град Индијанаполис. Таму точката го имаше прикажано Обама како излегува од вц шолја со зборовите „Африкански лажго“.

Трката за следниот американски претседател помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп е прилично изедначена, на нешто повеќе оде еден месец пред изборите во САД.