Карл Кокс, Блек Кофи, Сара Лендри, Масео Плекс, „Бонобо“ и „Ај Хејт Моделс“ доаѓаат на „Егзит“

Егзитовата „Денс Арена“ веќе со години ужива статус на храм на електронската музика и претпознатлив танцов подиум во светски рамки. Сместена во колосалните ровови на Петроварадинската тврдина, таа останува неизбежен аџилак за сите фанови на електронската музика, а сега се објавени и артистите и диџеите што ќе бидат дел од овој стејџ.

„Карл Кокс, ‘Бонобо’, ‘Блек Кофи’, Масео Плекс, Сама’ Абдулхади, ‘Клангкуенстлер’, Карлита, ‘Ај Хејт Моделс’, Патрик Масон и уште низа глобални титани подготвени се да ја ‘запалат’ единствената ‘Денс Арена’ чија иновативна и импресивна програма, како и сјајна продукција, секоја година се издигнува на повисоко ниво. Ни тука не е крајот, бидејќи наскоро пристигнува уште едно големо изненадување кое ќе ја заокружи електронската одисеја на овогодишниот ЕГЗИТ Фестивал!“, соопштуваат од фестивалот.

Од таму посочуваат дека составен дел од рејв-искуството на Тврдината е „Но Слип Нови Сад“ бината која со години наназад на фановите им го претставува алтернативниот електронски звук.

„Сара Ландри, Огуз, Јотто, Естела Боерсма, Францис Мерсиер, Хелена Хауф и многу други ќе ја донесат својата уникатна енергија во бессониот ров од 11 до 14 јули. Без разлика дали ве привлекува техно, хаус или тек-хаус, на ‘Егзит’ пристигнува постава подготвена да го задоволи секој музички вкус“, велат организаторите.

Исто така, потсетуваат дека „омилената мала бина“ на фестивалот, Urban Bug бината и оваа година ја носи својата одлична екипа која со сигурност ќе ја загрее публиката.

„Програмата оваа година сочинува повеќе десетици електронски уметници, некои од нив и во ексклузивни b2b сетови, а тука се 2 Much b2b Vein, Hudi b2b Aljoša, Layzie b2b Techa, Migazz b2b Kornwall, Milenko b2b Arnee, Miozz b2b Stefan Jović, Neshud b2b Irkah, Neutron, Needle b2b Hori, Novak, Rade Bađin b2b Poliformat, Runy b2b Mande, S.A.B.R.I. b2b Rikaya, Stameni b2b Mark Aasgier, Teachr b2b Butterfly.eff, THE b2b Zira, Vladimir Aćić b2b Danilo Vladušić, Vladimir Tucakov b2b Bokun, Wise D and Kobe, и Woodie b2b Danijel Kević“, посочуваат од фестивалот.

Основачот и директор на „Егзит фестивал“, Душан Ковачевиќ, тврди дека ова ќе биде едно од најсилните изданија на електронската програма на „Егзит“.

„Секоја година и програмата и продукцијата ги подигнуваме на повисоко ниво, како би ја оправдале репутацијата на водечкиот танцов подиум во светот”, изјави Ковачевиќ.

Овогодишното издание на „Егзит“ фестивал, со темата „EXIT Starseeds“ и слоганот „Да ги разбудиме нашите супермоќи заедно“, ќе биде одржано од 11 до 14 јули 2024 на Петроварадинската тврдина, со нулти ден, на 10 јули, резервиран за посебниот Starseeds Takeover перформанс на Tesla Universe бината.