Карикатурист може да добие 10 години затвор за карикатура на Ердоган

Турските обвинители поднесоа обвинение против познатиот карикатурист на весникот Cumhuriyet, Муса Карт заради карикатура со која тој го критикува тогашниот премиер, а сега претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, со кое бараат девет години и 10 месеци затвор за уметникот.

Карикатурист може да добие 10 години затвор за карикатура на Ердоган

Cumhuriyet извести дека според обвинението кое е поднесено од главниот јавен обвинител на Истанбул, Ердоган поднел кривична пријава против Муса Карт за навреди и клевети преку медиумите.

Карикатурист може да добие 10 години затвор за карикатура на Ердоган

Бирото за медиуми во обвинителството првично пресуди дека нема никаква основа за правна акција за карикатурата. Сепак, по жалбите од адвокатот на Ердоган, Високиот кривичен суд пресуди дека картунистот отишол предалеку од границите на критиката и ја повлече претходната одкука.

Судот во Турција ќе го започне рочиштето за случајот на 23 октомври.

Извор: todayszaman.com