Караван на дебати – Пулсот на општеството

Со првата дебата утре во Скопје, започнува реализацијата на патувачкиот проект „Караван на дебати – Пулсот на општеството“ – платформа за демократизација на јавниот простор низ интерактивна дебата.

Проектот е направен по концепт и организација на новинарката Ана Јовковска, а е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Почетокот на утрешната дебата е најавен во 20:00 часот, во ЕУ Инфо центарот. Панелисти на првата дебата во Скопје се Александар Поповски,театарски и филмски режисер, Ана Мартиноска, професорка и колумнистка и Александар Прокопиев, писател и професор. Модератор е Ана Јовковска, новинарка и активистка, а значаен чинител во дикусијата ќе биде и активната публика.

Караванот продолжува во неколку градови низ Македонија, во Велес на 28 мај, Тетарот Јордан Х.К. Џинот во 19:00 часот и во Тетово на 30 мај во 20:00 часот, во Центарот за балканаска соработка ЛОЈА.

Целта на проектот „Караван на дебати – Пулсот на општеството“ е промовирање на културата на
дебата, надвор од крутите медиумски рамки, зголемување на јавната свест за важните социо-културни феномени на денешнината, демократизација на јавниот простор и вклучување на локалното население во доменот на граѓанското општество како клучен елемент на демократијата и овозможување на диверзитет на мислења низ формите на културна продукција и интерактивна дебата.