Карате, скејтбординг, сурфање – се воведуваат нови олимписки спортови

Управното тело на Олимпијадата одобри пет нови спортoви кои ќе бидат дел од Летните олимписки игри во 2020 година. Одлуката беше донесена вчера во Токио, а нови олимписки спортови се скејтбординг, сурфање, бејзбол/софтбол, карате и искачување (на карпи) сите ќе бидат дел од следниот Летните олимписки игри.

Официјалните претставици велат дека одлуката ги рефлектира нивните намери за привлекување млади спортисти и гледачи на идните Олимписките игри.

„Ние сакаме да го дадеме спортот на младите”, рече претседателот на олимпискиот комитет Томас Бах. „Со многуте можности кои ги добиваат младите луѓе, не можеме повеќе да очекуваме дека тие самите ќе дојдат кај нас. Ние треба да одиме кај нив “.

Новите спортови ќе донесат околу 474 нови спортисти кои ќе се борат за медали на 18 нови натпревари.