Карантинот предизвикува драматичен пад на глобалните емисии на јаглерод

Емисииите на јаглерод диоксид опаднаa драматично откако се воведоа карантини во светот како резултат на кризата со коронавирус, објави Гардијан.

Дневните емисии на стакленички гасови паднаа за 17% до почетокот на април во однос на нивото на 2019 година, според студија за глобалното производство на јаглерод оваа година.

Податоците покажуваат дека светот го доживеа најострото паѓање на јаглерод, воопшто од кога почнаа да се прават вакви записи,
при што големи делови на глобалната економија доведоа скоро до застој. Кога карантинот беше најстрог, во некои земји емисиите паднаа за нешто повеќе од една четвртина (26%) во просек. Во Велика Британија падот беше околу 31%, додека во Австралија емисиите паднаа за 28,3% за период во текот на април.

„Ова е навистина голем пад, но, во исто време, остануваат 83% од глобалните емисии, што покажува колку е тешко да се намалат емисиите со промени во однесувањето“, вели Корин Ле Квере, професор по климатски промени и главен автор на студијата.

Но, овој пад  веројатно ќе биде само привремен. Бидејќи земјите полека се враќаат со нормални активности, па во текот на годината падот веројатно ќе биде само околу 7%, доколку останат некои ограничувања за вирусот. Меѓутоа, доколку се подигнат во средината на јуни, падот за годинава веројатно ќе биде само 4%.

„Ова сепак претставува најголем годишен пад на емисиите од Втората светска војна и остра разлика во однос на неодамнешните трендови, бидејќи емисиите се зголемуваат за околу 1% на годишно ниво. Но, тоа ќе направи занемарливо влијание врз целите на договорот во Париз“, забележува Ле Квере.

Емисиите мора да паднат на нултата до средината на векот за да се исполнат целите на договорот во Париз, со цел да се спречи глобалното затоплување да достигне катастрофални нивоа, според Меѓувладиниот панел за климатски промени.

„Падот на јаглеродот како резултат на кризата со Ковид-19 открива колку сè уште далеку треба да оди светот“, нагласува Ле Квере.