Карантините десеткратно го зголемија бројот на сексуално злоставувани деца преку интернет, покажа студија

Пандемиските карантини го зголемија бројот на мали деца кои вршат сексуални дејстивја пред камера на компјутер, покажува нова студија.

Социјалните медиуми станаа особено популарни во 2020 година кога започна пандемијата со ковид-19. Фондацијата „Internet Watch“ вели дека нивните нови податоци покажуваат како предаторите ја искористиле ситуацијата преку социјалните мрежи и веб-сајтови. Минатата година Фондацијата забележала 63.000 регистрирани веб-страници со таква содржина што е многу во споредба со 5.000 кои биле забележани пред почетокот на пандемијата.

„За време на пандемијата, интернетот беше спас за живот, но дури сега ги живееме ефектите и последиците од тогаш. Тоа што сега ни е јасно е дека младите деца се вовлекуваат во непријатни и навредливи ситуации од страна на грабливите предатори“, изјавила извршната директорка на фондацијата.

Две третини од само-генерираните што ги истражуваат аналитичарите прикажуваат злоупотреба на деца. Овие податоци се однесуваат на деца кои самостојно се злоставуваат пред камера додека на екранот има предатор кој ги принудува на тоа.

Истражувачите велат дека многу од снимените или стримани видеа се од детска соба или од тоалет со звуци на бучно домаќинство кои доаѓаат од позадина.

Најчесто ваквите снимки настануваат при разговор во живо, и се снимаат без да знае детето за подоцна да бидат споделувани и продадени од педофили.

Според Фондацијата „Internet Watch“ која е со седиште во Обединетото Кралство (ОК), многу е тешко да се одреди каде живеат овие деца, меѓутоа доколку забележат знаци како училишна униформа или други идентификатори, видеата и фотографиите им ги препраќаат на властите.

Од сликите, за кои добротворната организација вели дека се работи за деца на возраст од 7 до 10 години, повеќе од 8.000 предмети содржеле материјал од категорија А.

Ова е најчестиот вид на принудно сексуално злосатување што вклучува и пенетрирачка активност како и сексуална активност со животно или садизам.

Во едно од видеата, Фондацијата забележала девет-годишно девојче кое прима инструкции од возрасни луѓе да врши сексуални дејствија со нејзините плишани играчки.

Фондацијата постојано алармира да се направи повеќе околу тоа да се заштитат децата и да се донесе долго одлжуваниот Закон за онлајн безбедност во ОК. Сепак, како што информираат оттаму, најголемиот дел од материјалот кој го истражуваат доаѓа од целиот свет, не само од Британија,

Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца во САД не објави бројки за 2022 година, но во 2021 година објави дека е зголемен материјалот на кој е видлива сексуална злоупотреба на деца.