Ватикан ќе го криминализира сексуалната злоупотреба од страна на свештениците

Католичката Црква ги менува своите закони и конкретно, ќе го криминализира сексуалното злоупотребување на децата од страна на свештениците, а ќе вклучи и лица кои ќе се бават со истражување на криминалот, пренесува „Euronews“.

Со цел да се адресира црковното сексуално насилство, законот ќе ги штити и возрасните лица кои се злоупотребувани од свештеници кои ја искористуваат својата позиција на моќ.

Вработените во Ватикан, како училишните директори и економистите исто така ќе подлегнат на казната доколку злоупотребуваат деца или возрасни.

Воведувањето на законот кој беше најавен од страна на Ватикан, е мерка за која биле потребни 14 години проучување. Законот ќе биде внесен во законската криминална секција, дел од Ватиканскиот канон, односно локалниот легален систем присвоен од Католичката црква.

Папата Франциск ја одобрил законската промена, која исто така забранува и подведување на малолетници и возрасни од страна на свештеници кои потоа ги тераат на порнографија.

Ова е прв пат црквениот закон официјално да го препознае како криминал методот кој се користи од страна на сексуалните предатори кои пред да ги искористат своите жртви првично градат однос на доверба со нив.

Со законот се отстранува и дискрецијата која долго време им дозволувапе да бискупите и религиозните авторитети да го игнорираат или да го прикријат злосторството, со тоа што јасно се посочува дека оние што се одговорни за прикривање и недоволно истражување, ќе бидат казнети.

Додека бискупите може да се отстранат од функциите поради забошотување или непријавување на сексуалните криминали од страна на црковните лица, не постои казна доколку свештениците не го пријават злоделото во полиција.