Капацитетот на општинските и меѓуопштинските превозници се зголемува од 50% на 75%, одлучи Владата

Вкупниот капацитет во превозните средства на општинските и меѓуопштинските превозници се зголемува од 50% на 75%, одлучи на денешната седница Владата на Република Северна Македонија.

Ваквата одлука доаѓа откако Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барање на група превозници.

Поради состојбата со коронавирусот претходно во повеќе наврати беа носени одлуки од страна на Владата за регулирање на капацитетот на превозниците.

Од почетокот на епидемијата, во земјава со Ковид-19 се дијагностицирани 99.408 лица. Бројката на починати е 3.076, бројот на оздравени пациенти изнесува 89.742, додека како активни случаи со Ковид-19 се водат 6.590 лица.