Канскиот фимски фестивал се одложува поради коронавирусот

Организаторите на Канскиот филмски фестивал соопштија дека францускиот фестивал за филм се откажува поради коронавирусот, вирус кој создаде светски застој.

„Во ова време на глобална криза, нашите мисли се со жртвите од COVID-19, а сакаме да искажеме солидарност со оние кои се борат против оваа болест“, пишува со соопштението.

Засега, нема потврдено нова дата за фестивалот, а се разгледуваат неколку можни опции. Најверојатната од нив е фестивалот да се презакаже за крајот на јуни и почетокот на јули, додека начелно, одржувањето на овој фестивал требаше да е во периодот помеѓу 12 и 23 мај.

„Официјалниот датум би бил потврден веднаш откако здравствената ситуација во светот и Франција би дозволила да се организира овој настан“, велат организаторите.

Откажувањето на годишниот француски фестивал е веднаш по откажувањето на филмскиот настан „SXSW“ бидејќи многу режисери, музичари, уметници и локалци го почувствуваа влијанието на пандемијата.

Извор: Dazed&Confused