„Кане Корзо“ организира хуманитарен настан за бездомните животни

Здружението за правата на животните „Кане Корзо“ во четврток организира хуманитарен настан за бездомните животни, кој ќе се одржи во „Пивница Стар Град“ во 20:30 часот.  Настанот се одржува во рамки на Интернационалниот ден на животните.

„All we need is paws“е пораката што сакаме да ја испратиме до сите, велат од „Кане Корзо“.

„После се што видовме деновиве решивме малку поинаку да пристапиме кон решавање н проблемот. Сакаме сите, ама буквално сите да ја дознаат суровата вистина за судбината на многу бездомни другари. И оние во Вардариште, и оние на улица и оние кои се под наша закрила. На настанот ќе дознаете повеќе за нас и нашиот активизам, ќе можете да прашате се што ве интересира, а воедно и ќе можете да ни помогнете во борбата со тешките болести кои ги имаат поголем дел од нашите штитеници“, најавуваат од здружението.

На настанот ќе има и музика, мини базар, едукативен дел и дружба со сите кои сакаат животни.