Кандидатите за иден студентски лидер на УКИМ утре ќе се соочат на јавна дебата, избори во четврток

Кандидатите за претседател на универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се соочат на јавна дебата утре (12 февруари) во амфитеатарот на Градежниот факултет, со почеток во 18ч.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со кандидатите и нивните програми непосредно пред изборите, кои се најавени за четврток (13 февруари).

„Сите заинтересирани ќе имаат можност да ги упатат своите прашања и забелешки кон кандидатите“, стои во најавата за јавната дебата, организирана од факултетските студентски собранија на ФИНКИ и на Правен факултет.