Каналите во Венеција се прочистија за првпат во тек на изолациите од коронавирусот

Вообичаено загушени во нечистотии и загаденост од дизел бротчињата и автобусите на вода, каналите во Венеција, се непровидни и валкани. Но, водата во каналите за првпат е чиста после долги години, откако изолациите поради коронавирусот довеле до намалување на загадувањето, пишува „Индепендент“.

Видеа и фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека водата сега доволно чиста зa назад во каналите да се вратат малите рипчиња.

Портпаролот на градоначалникот на Венеција за „СиЕнЕн“ изјавил декa водата навидум е почиста бидејќи талогот во водата се собрал на дното. Според него,  бродовите го мешаат талогот, па поради тоа водата изгледа валкано.

Објавите влеаа надеж кај корисниците на социјалните мрежи кои велат дека изолацијата може да биде и „еколошки рестарт“ во време на климатска итност.

Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, каде има околу 31,500 заразени случаи и 2,500 починати.

Извор: Independent

*Текстот е изменет на 20 март, бидејќи првичната вест содржеше твитер постови во кои имаше и дезинформации. Твитовите се отстранети и сменета е насловната фотографија.