Канаѓанец започна „Kickstarter“ кампања, за да го купи „Kickstarter“

Кога на Канаѓанецот Aaron Schlechter му било кажано дека дека неговиот проект , со кој треба да им смислува имиња на кучињата, се коси со насоките според кои работи светски познатиот сајт за собирање донации „Kickstarter“, тој одлучил дека треба да собере доволни пари за да го купи овој сајт и веднаш да ги смени правилата.

Неговиот оригинален проект бил да ги понуди своите услуги на луѓе кои бараат имиња за своите кучиња. Сакајќи да ја сподели неговата дарба (за измислување неверојатни имиња за кучиња) со светот, тој започнал кампања на „Kickstarter“, со примарна цел за собирање на 3,700 долари, која што подоцна би вклучувала и книга за уметност на смислување имиња за кучињата.

Сепак, „Kickstarter“ побарал од него „повеќе да се фокусира на книгата, отколку на проектот за смислување кучешки имиња, што иако претставува благородна цел, не се вклопувало во ниедна од нивните 15 категории. “

Првото правило на „Kickstarter“ страницата е „Проектите треба да создадат нешто, кое би се споделило со другите, а во одреден момент, креаторите би требало да бидат способни да кажат: „Завршено е“.

Сега Schlechter се надева дека ќе успее да ја постигне својата цел за собирање 1.2 милијарди долари, за купување на целиот сајт.

„Ако соберам 1.2 милијарди долари, планирам да го купам „Kickstarter“ и да ги изменам неговите правила, со тоа што на сајтот би биле дозволени само проекти кои се поврзани со давањето имиња на кучињата“, вели тој.