Канадскиот суд одлучи: пациентите смеат самите да си одгледуваат медицинска марихуана

Сојузниот суд на Канада одлучи дека пациентите кои користат медицинска марихуана смеат самите да ја одгледуваат, како и дека претходната забрана е противуставна, јавуваат медиумите. Оваа одлука доаѓа во време кога сите очи се свртени кон либералната влада на земјата предводена од Жистин Трудо, која пред изборите вети дека комплетно ќе ја легализира марихуаната.
Сојузниот судија Мајкл Филен изјави дека забраната за одгледување, која ја наметна претходната влада, ги прекршува уставните права на пациентите.
„Законот одеше предалеку и се меша во однесување кои немаат никаква врска со неговите цели“, веил судијата Филен.

Тој, исто така, и наложи на владата во следните шест месеци да предложи нов закон за користењето на медицинската марихуана. Премиерот Трудо во минатото изјавуваше дека легализацијата на марихуаната ќе помогне да се поправи „расипаниот систем“ и да се оттргне „криминалниот елемент“ од одгледувањето и користењето на канабисот. Сепак, откако ја презеде позицијата, премиерот не зборуваше многу за овие негови планови.

Канада е прва од најразвиените седум светски земји (Г7), која размислува за комплетна легализација на марихуаната. Според проценките, овој потег би и донел на земјата по пет дополнитени милијарди долари годишно во буџетот.