Нафтена компанија од Канада одлучи да го прекине градењето во перуанската долина на реката Амазон. Проектот претставува сериозна закана за исчезнувањето на домородни племиња кои сè уште живеат без контакт со цивилизацијата.
Пацифичко истражување и производство (Pacific Exploration and Production), кои ја започнаа првата фаза на истражување на нафтата во 2012 година, претходно го добија правото да испитуваат дали има масло во огромна област од регионот, каде живеат огромен број на ендемски видови и има голем биодиверзитет. Се верува дека е дом на повеќе племиња кои живеат отсечено од светот, отколку на било кое друго место.
Проектот, кој се нарекува Плац 135, има повеќе од 40 проценти од Сиера дел Дивизор националниот парк, кој беше основан во 2015 година. Земјиштето се протега на повеќе од еден милион хектари, а се проценува дека содржи повеќе од една милијарди барели масло. Градбата врз него предизвика масовен отпор во Перу и соседниот Бразил, кој трае веќе со години.
Испитувањето на маслото бара продолжена и истрајна инвазија на земјиштето, што може драстично да го зголеми ризикот на присилен контакт со племињата. Тоа прави племињата веројатно да доживеат насилство од „аутсајдерите“ кои управуваат со нивната земја и ресурси, а се и ранливи на болести како грип и сипаници на кои не се имуни.
Иако одлуката да се прекине со градење е голема победа за Перу и здруженијата за екологија, компанијата со седиште во Торонто тврди дека прекинот е направен исклучиво поради финансиски проблеми.
Давид Фриетас од Регионалната федерација на домородни племиња, изјавил дека одлуката е добра вест, но предупредува дека плацот е сè уште откупен и може да дојде друга компанија која ќе се обиде да вади нафта од земјиштето.
„Најважно е Плацот 135 да биде анулиран. Тоа може да се направи, но треба повеќе притисок“, вели тој.