Канада му одобри политички азил на црногорскиот ЛГБТ активист Цимбаљевиќ

Канада му одобри политички азил на познатиот црногорски ЛГБТ активист Здравко Цимбаљевиќ, кој беше првиот човек во Црна Гора кој јавно призна дека е хомосексуалец.

Канада му одобри политички азил на црногорскиот ЛГБТ активист Цимбаљевиќ

Цимбаљевиќ е директор на организацијата за заштита на човековите права ЛГБТ форум прогрес, која ја организираше првата геј парада во Црна Гора оваа година. Тој аплицирал за азил во Канада откако добил сериозни закани во родната земја.

Канадското биро за имиграција ја обвини владата во Подгорица дека не му пружила заштита на Цимбаљевиќ и дека„ не ги сфатила сериозно манифестациите на омраза, насилство и заканите“ упатени кон активистот.

Цимбаљевиќ ја предводеше првата „парада на гордоста“, на која околу 120 активисти излегоа на прошетка низ улиците на Будва. Притоа, поворката беше нападната од противниците на парадата, кои фрлаа со шишиња и камења. Повредени беа неколку учесници во парадата, а полицијата уапси дваесетина од напаѓачите. Во октомври, и втората геј парада во Црна Гора протече во атмосфера на насилство и инциденти.

Извор