Канада е најтолерантна земја на светот, Македонија на 83-то место

Македонија е на 83-тото место на најтолерантни земји во светот. Канада е убедливо најмалку ксенофобична – 92 посто од жителите сметаат дека нивната земја е добро живеалиште за бегалци.

Јемен е најмалку толерантна земја во светот, според показателот за „лична слобода“ на Индексот на просперитет за 2015 година на институтот Легатум.

После Јемен, на второто место е Судан, а веднаш по него се Египет и Сирија. Меѓу првите десет најксенофобични нации се најдоа и Хаити, Ангола, Јордан, Алжир, Мавританија и Авганистан.

Индексот ги зема предвид ставовите и легислативата кои ги гарантираат правата на институционално ниво, а не индивидуалната омраза на луѓето.

Индексот се заснова и врз тоа дали луѓето сметаат дека имаат граѓански права и слобода на избор, и дали државата е добро место за имигранти и етнички малцинства.

Најтолерантната држава на светот е Канада, која е и петтата најтолерантна држава за малцинствата. Дури 94 проценти од Канаѓаните веруваат дека имаат слобода да го избираат начинот на нивниот живот.

Како што пренесува Independent, инклузивната политика на премиерот Џастин Трудо и прифаќањето на 250000 сириски бегалци против волјата на мнозинството, се повеќе се прифаќаат откако започнал неговиот мандат.