Кампањата за избор на претседател почнува на 1 април

Кандидатите за претседател до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.

За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Собирањето потписи започна на 23 февруари а ќе заврши на 9 март. Доставувањето, пак, на кандидатурите завршува на 21 март.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.