Кампања за помош на медицинските сестри кои се борат со пандемијата започна Унијата на ЗМСТАС

Кампања за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот, чија цел е со финансиски средства, лекарства, течности и суплементи да им се помогне на медицинските сестри започна Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Кампањата, како што велат оттаму, започнала во текот на минатата недела, а на неа се приклучиле голем дел од општествено одговорните компании.

„Според изјавите на дел од медицинските сестри кои работат во ковид центрите неопходно им беше да имаат можност за редовна хидратација. Поради дополнителната заштитна униформа и протоколи за работа во овие топли денови и те како им се потребни течности“, велат од ЗМСТАС.

Извршниот одбор на здружението, за почеток велат дека одлучиле месечната членарина за месецов да ја донираат за кампањата, а потенцираа дека од вчера во функција е и бројот за донации на телефонската мрежа „Т-Мобиле“, односно, бројот 143-141 преку кој сите граѓани ќе можат да донираат по 100 денари од повик.

„Исто така отворена е и специјализирана жиро-сметка за донации (210-0720099401-26, НЛБ Банка) на која сите добронамерници може да донираат средства за помош на медицинските сестри кои се борат против пандемијата предизвикана од коронавирусот“, стои во соопштението.

Оттаму порачаа и оваа кампања да биде почетокот на крајот на пандемијата, а како што велат, „сите ние гласот на медицинските сестри.