Кампања против стереотипите и предрасудите – „Не ме ставај во рамка!“

Здружението на граѓани за поинакво делување „АртАкт“ од Битола започна кампања против стереотипите и предрасудите во секојдневието на младите.

„Не ме ставај во рамка!“ е мотото на кампањата преку која позитивните ставови, мислења и приказни Арт Акт „ги фрлаат на патот на разорувачката моќ на стереотипите и предрасудите“.

Кампањата има за цел да придонесе во обезбедување на култура која промовира еднаквост и која ги поддржува различните мислења, ставови, стилови и вкусови.

„Креваме џефа за да потсетиме дека различностите треба да се почитуваат, дека за вкусови не се дебатира и дека единствена причина што сум дебел е тоа што слабо тело не може да ја собери цела моја личност”, велат активистите.