Три студенти од Универзитетот на Тексас неодамна започнале интернет кампања против дискриминацијата врз основа на боја на кожата. Наречена „Unfair and Lovely“, кампањата за кратко време собрала стотици жени кои ги споделиле своите искуства.
Сé започнало кога фотографот Пакс Џоунс направил истоимена фотосесија со две студентки од Шри Ланка, Мируша и Јануша Јогараџа, за да ги потенцира нивните секојдневни искуства со дискриминацијата. Откако приказната се проширила на интернет, тројцата решиле да започнат кампања со истиот хаштаг, која ќе ги охрабри жените да прозборат за тоа на социјалните медиуми.
Art by @ochoboyz #reclaimthebindi X #unfairandlovely
A photo posted by Unfair & Lovely (@unfairandlovely_) on
I’m not palatable to many and that’s okay. #unfairandlovely #reclaimthebindi pic.twitter.com/2tPfpyLf07
— shahrukhquan (@browniverson3) March 10, 2016
A photo posted by Abirami Ravichandran Pillai ☺️ (@abiii_18) on
Кампањата ги повикува жените со темна кожа од сите страни на светот да ги споделат своите фотографии на Твитер, Фесјбук или Инстаграм, користејќи го хаштагот #unfairandlovely. Оттогаш стотици жени ја споделиле својата приказна.
Кампањата го добила името од Fair & Lovely, крем за избелување на кожата од Хиндустан Унилевер, кој се продава во Индија, Тајланд, Шри Ланка, Пакистан и други делови на Азија. Во Индија, каде се продава веќе четири децении, неговата популарност е голема поради јужноазиските идеали за убавина, според кои најубави жени се оние со посветла кожа.
Во 2014 година Советот на Индија за стандарди во рекламирањето забрани реклами кои го шират верувањето дека жените со темна кожа се инфериорни и помалку посакувани.
Сепак, голем број брендови сé уште водат агресивни рекламни кампањи за производи кои ја осветлуваат кожата.
Извор: Mashable