Кампања на ланец ресторани во Британија – забрането користење телефони на маса, а повеќе внимание на децата

Ланецот ресторани „Frankie & Benny’s“ започна кампања, со која во наредната недела ќе им се забранува на муштериите да користат мобилни телефони додека јадат.

Со овој екстремен чекор, ресторанот сака ги охрабри гостите да се посветат на блиските со кои излегле на вечера.

Ова е за првпат поголем британски ресторан да преземе ваква мерка, а за возврат нуди бесплатен оброк за децата.

Кампањата ќе трае во сите 250 ресторани и може да продолжи ако се покаже успешна.

Портпаролот на ланецот ресторани изјави: „Ги разгледавме различните начини на кои би можеле да ги охрабриме луѓето да се ангажираат повеќе на трпезата и откривме дека ако им дадеме шанса на семејствата да се одделат од нивните уреди барем на неколку часа ќе биде одличен начин да ги доближиме”.

Одлуката доаѓа откако студија на национално ниво утврди дека дури 72 проценти од децата сакаат нивните родители да трошат помалку време на своите телефони, а повеќе да разговараат со нив.

Едно од десет деца чувствува дека нивните родители преферираат да бидат на нивните телефони отколку да разговараат со нив, а многумина признале дека ги криеле нивните мобилни телефони во обид да привлечат внимание.

Кампањата на „Frankie & Benny’s“ започнува денеска, а ќе трае до 7 декември.