Кампања на „Girls in Tech Macedonia“ за вклучување повеќе жени во ИТ

„Girls in Tech“ во Македонија ја започна кампањата „Local Ambassadors Hunt” чија цел е да вклучи што поголем број жени и девојки од технолошките области во Македонија. Идејата на кампањат е да се ангажираат т.н. Локални Амбасадорки на Girls in Tech во повеќето градови низ Македонија за да се формира цврста мрежа од координатори преку кои ќе се дејствува до крајните членови на организацијата.

Girls in Tech Macedonia е локална организација, прва на Балканот, која функционира како дел од глобална непрофитна организација со над 50 гранки, фокусирана на ангажманот, образованието и поттикнувањето на влијателни жени во технологијата и претприемништвото. Фокусот на организацијата е кон промоција, раст и успех на жени претприемачи и иноватори во технолошкиот простор.

„Girls in Tech Macedonia произлзе од потребата за мотивациски но и ресурсен центар за жени на различни возрасти кои се инволвирани во технолошката индустрија во земјата. Во еден бавно растечки стартап и ИТ бизнис екосистем како македонскиот, појавувањето на Girls in Tech делува како совршен склоп во прилог на тоа движење“, појаснуваат од оргнизацијата.

Целни групи на организацијата се GIT Young или млади девојки кои допрва сакаат да започнат кариера во ИТ или се на почеток на истата, и GIT Mature – жени кои веќе развиваат кариера во технолошките или сродни области. Идејата е преку инспиративни примери од GIT Mature, да се засили и мотивира GIT Young како група во развој.

Kампањата која почнува денеска, ќе трае се до почетокот на септември.