Камп за лидерство во Тетово – „Девојките го водат светот“

Мултикултурен камп за лидерство, дизајниран да промовира самодоверба, пријателство и учество во заедницата преку едукативни активности, денеска ќе биде отворен во училиштето Woodrow Wilson, во Тетово.

Целта на кампот GLOW (Girls Leading Our World- Девојките го водат светот) е да ги поттикнува и инспирира младите девојки преку надминување на културните препреки да станат лидери во нивните заедници. Организатор на кампот е Мировниот корпус на САД во Македонија во соработка со невладините организацијии Амбрела (Скопје) и YMCA Битола.

Над 700 млади девојки присуствувале на камповите GLOW во изминатите десет години. Оваа година се одбележува 20-годишнината од првиот камп GLOW, којшто сега се одржува во повеќе од 60 земји низ целиот свет.