Камп под отворено небо за млади волонтери на Црвениот крст

Клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка за пр пат го организита тридневниот летен камп за млади волонтери во сeло Трново.

Камп под отворено небо за млади волонтери на Црвениот крст

Кампот ќе се одржи под отворено небо од 18 до 20 август на локалитетот кај старата училишна зграда во селото. Ќе кампуваат 20-тина млади волонтери од кривопаланечкиот Црвен Крст, поддржани од тим за логистика од ОО на Црвениот Крст, Крива Паланка, а поканети се и волонтери од општинските организации на Куманово, Охрид и Струга.

Цел на летниот камп е да помогне во јакнење на менаџерските и лидерските капацитети на младите волонтери. Планирано е овој камп да има и едукативен карактер, па во агендата на активности предвидени се и предавања на повеќе теми кои ќе ги одржат лекари – специјалисти во соработка со Црвениот Крст.