Камера која прави само оригинални фотографии

Германскиот дизајнер Philipp Schmitt создаде камера која му овозможува на корисникот да прави само оригинални фотографии. Тоа значи дека ако некој сака да се слика пред Ајфеловата кула, треба да е навистина уникатно, бидејќи камерата нема да го регистрира тоа, но поверојатно е камерата да слика ако корисникот се фотографира пред бензинска станица.

Камерата во моментот е само прототип, се работи на усовршување на сензорите и оптиката, но идејата на овој дизајнер се заснова на паметен телефон кој користи GPS метаподатоци од Flickr и Panoramio за да утврди дали локацијата е популарна. Во случај да идентификува повеќе од 35 фотографии на одредена локација, блендата на фотоапаратот се затвора и се блокира така што корисникот не може да се фотографира. Екранот на апаратот пак, прикажува колку фотографии се направиле на таа локација, додека звучен сигнал означува дека корисникот треба да најде друго место за сликање.

Меѓутоа, постојат и недостатоци, вели Schmitt. Еден од нив е ако одредена GPS точка не земе во предвид дека некоја грда клупа се наоѓа на неколку метри од Ајфеловата кула, апаратот не би препознал што сака корисникот да фотографира.