Каменувана куќата на актерот Петар Стојковиќ

Куќата на македонскиот актер Петар Стојковиќ синоќа била каменувана од поголема група насилници кои се собрале пред неговиот дом, објави актерот на својот Фејсбук профил.

Каменувана куќата на актерот Петар Стојковиќ

„Вчера, на 25.06.2013 во 22.50 часот непознат број лица во поминување го каменуваа мојот дом проследено со извици „Педери! Ќе ви го ебеме мамичето педерско!“. За среќа нема повредени и не е причинета никаква материјална штета. Случајот е пријавен во полиција. Припадници на МВР излегоа на терен да извршат увид и трагаат по напаѓачите.“ пишува Стојковиќ.

Ваквиот настан следи само неколку дена откако Стојковиќ јавно објави дека е геј. Во колумната  „За педерите, лезбачите и транџите“, тој ја опиша својата лична приказна, борбата со предрасудите и прифаќањето.