Калифорнија забранува козметика тестирана на животни

Нов закон во Калифорнија ја забранува продажбата на козметика која е тестирана на животни и со тоа е првата американска држава што го направила тоа.

Законот беше потпишан од гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, во петокот, а ќе стапи на сила на 1 јануари 2020 година, ограничувајќи ги производителите кои сакаат да „увезуваат, продаваат или нудат за продажба” козметички производи направени со тестирање на животни. Прекршителите ќе добијат парична казна од 5.000 долари, плус 1.000 долари за секој ден што ќе продолжат со нивните незаконски активности.

Во моментов, неколку животни се манипулираат во козметичката индустрија, вклучувајќи глувци, стаорци, зајаци и заморчиња. Голем дел од овие испитаници се убиени по експериментирањето, но не пред да бидат изложени на можни иритирачки или дури и смртоносни материи. Животните се принудени на сила да јадат одредена храна или да вдишуваат хемикалии со цел да се процени нивото на токсичност.

Но, постои и дупка што останува во законот за производи за кои не постојат алтернативни постапки за експериментирање.

Калифорнија се приклучува на листата на влади, како што се ЕУ, Индија, Израел и Норвешка, кои веќе усвоија таква забрана. Но, некои земји, вклучувајќи ја и Кина, бараат тестирање на животни на сите увезени козметички производи.